Истражувачите од Универзитетот Аделаида откриле дека месо од четири загрозени видови на ајкули, вклучувајќи ја долгоносната мако ајкула и мазната чекан ајкула, с продава во некои ресторани за брза храна во Јужна Австралија.
Истражувањето кое го спровел Универзитетот во Аделаида открило дека месо од четири загрозени видови, најчесто во вид на филетирани помали или поголеми похувани парчиња, се продава во некои ресторани за брза храна во Јужна Австралија.
Месото од ајкула е популарно во Австралија поради својата бела боја, блага арома и мека текстура, но според тамошните регулативи само два вида може да се продаваат.
Со ДНК анализа на филетираното месо од повеќе од 100 угостителски и продажни објекти ширум Аделаида и регионалните области во Јужна Австралија, откриени се девет различни видови кои се продаваат под тоа име.
Меѓу нив имало и загрозени видови, вклучувајќи ја долгоносната мако ајкула и мазната чекан ајкула, а на чиниите можеле да се најдат и ајкули кои не живеат во австралиските води, покажало истражувањето.
Ешли Шарад, лидер на истражувањето во Училиштето за биолошки науки при Универзитетот во Аделаида, истакнала дека само 27 проценти од испитаните примероци припаѓале на вид на ајкула која е одобрена за човекова исхрана, бидејќи има доволно голем фонд. Станува збор за видот „Mustelus antarcticus“.
„Нашите резултати ја истакнуваат потребата од јасни национални насоки или закони за означување на месото на ајкулата“, нагласила Шарадова.
Од сите анализирани примероци, само секој 10-ти трговец можел точно да го идентификува видот на риба која ја продава.
Околу 20 проценти од филетите биле погрешно означени, а остатокот имале нејасен опис.
„Измамите во индустријата со морски плодови сè се позагрижувачки. Погрешното означување на ваквите производи потенцијално може да нанесе штета на здравјето на луѓето, на економијата и на сочувувањето на видовите“, нагласува професор Бронвин Гиландерс од Универзитетот во Аделаида.
Резултатите од истражувањето се објавени во меѓународното списание „Food Control“.
tocka.mk