Мумија, 9 статуи и некои вредни предмети што им припаѓаат на 5-тата и 6-тата фараонска династија пронајдени се во текот на археолошките истражувања во историскиот регион Сакара, каде што се наоѓаат кралските гробници во Египет, известува Агенција Анадолија (АА).
Египетскиот археолог и министер за древни антиквитети Захи Хавас, одговорен за тимот што ги спроведува археолошките истражувања во древниот регион Сакара, изјави дека во тек е ископување на пронајдената мумија, за која се проценува дека е стара 4.300 години, како и на 9 статуи и некои вредни предмети.
Хавас наведе дека пронајдените артефакти датираат од 5-тата фараонска династија (период од 2487 до 2449 година пред новата ера) и 6-тата фараонска династија (период од 2345 до 1821 година пред новата ера).
Хавас изјави дека статуите се изработени од варовник и досега не успеале да одредат кому му припаѓаат.
„Пронајдената мумија му припаѓа на маж и нејзиното име е Хека Шибс. Овој ковчег не е отворен 4.300 години. Ова е најстарата мумија што досега е пронајдена, освен откриените кралски мумии“, додаде Хавас.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).