ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 30 јануари

1889 Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг.

1944 На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со припремите за свикување на АСНОМ.

1945 Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.

1948 Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење.

1996 Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија