Рускиот научник Константин Коротков е единствениот кој успеал да сними како душата го напушта телото. Така барем тој тврди дека го доловил моментот со иновативен метод со гасови за визуелизација.
Иако поминаа неколку години од таа епохална вест , не е забележано дека после него некој пријавил слично откритие, кое во првиот момент од објавувањето во некои светски медиуми веднаш го рангираа како едно од потенцијалните најголеми откритија на човештвото.
Коротков, професор по компјутерски науки и биофизика на Универзитетот за информатичка технологија во Санк Петербург, пронаоѓач на софтверскиот комплекс GDV (техника на визуелно прикажување на празнење на гасот – напредно средство за проучување на функциите на телото и умот со читање на аурата на човечиот биопол) рече дека користел биоелектрографска камера за фотографирање на смртта на една личност ,а нејзините резултати се неверојатни.
-Папокот и главата се првите делови од телото шро ги остава животната сила, односно душата, а последни се препоните, односно сексуалниот дел и срцето- изјави рускиот научник кој ги истражувал и оние кои имале ненадејна несреќа во која ги загубиле животите.