Инспекциски надзор во правен субјект кај поранешната топилница Велес

0
180

ИНФО ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ПРАВЕН СУБЈЕКТ “КЕПС МОНТ ГРОУП” ДОО СКОПЈЕ, ЛОКАЦИЈА ПОРАНЕШНА ТОПИЛНИЦА ВЕЛЕС ЛОКАЛИТЕТ БАШ КОЛИБИ.
📍На ден 30 Јануари е извршен редовен инспекциски надзор на лице место на погоре наведениот локалитет. Правниот субјект поседува Б-Интегрирана Еколошка Дозвола издадена од Општина Велес.
При надзорот е утврдено дека во тек се припремни активности за поставување на линија дробење, сепарирање и селектирање на техногената минерална суровина. Изготвен е Записник за констатираната состојба, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

фото: 📷Архива на ДИЖС