ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 2 февруари

1535 Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

1848 По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.

1932 Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.

1994 Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија.

1996 Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.

2007 Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија