Пецаков: Се поставува канализациска линија на крак од ул. „Илија Смически“ во село Лескоец

Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности за поставување на канализациска линија на крак од ул. „Илија Смически“ во село Лескоец.
Дожината на линијата изнесува 102 метри, а вредноста е 423 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Извор: ФБ Кирил Пецаков