(ФОТО)Доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година

0
147

На свечена церемонија денес ги доделивме наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“.
Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика и се разбира на сите нас. Со тоа што ги вреднуваме вашите успеси, ние како локална самоуправа сакаме да ја потврдиме нашата цврста определба во создавањето на уште подобри услови за развој на сите спортски дисциплини во иднина.
За тековната 2023 година во општинскиот буџет се 35.940.000,00 денари, за поддршка на спортистите, спортските клубови и спортските манифестации.
За охридска спортска надеж (мажи) е прогласен Давид Крстески , а во женска категорија Христијана Парулеска 2.Охридска спортска надеж (жени) и двајцата од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид . За спортист/ка странец кој настапува во екипа од Охрид беше прогласен Владимир Бојаниќ од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид. Спортист/ка од Охрид која настапува надвор од територијата на Охрид избран е Михаил Иваноски од Ракометен Клуб „Алкалоид“ – Скопје.
За тренер на годината беше прогласен Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид. Спортска екипа на годината е Таеквон-до Клуб„Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид
Спортска приказна на годината е Градски Кошаркарски Клуб „Охрид“ – Охрид. За Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот беше прогласена Јулијана Николиќ (веслање) наградата и се додели постхумно.
За Спортист на година за 2023 година е прогласен Наум Јаковлев од Карате клуб „Фудошин“ – Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков