Добар ден на сите, чуден ден денеска. Две чувства се развиваат кај мене. Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол бурна животна приказна. Ние сме горди што имаме еден таков човек да ги славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец без разлика каде се наоѓа дали е денеска овде во Македонија или насекаде во светот, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение ја пренесуваме изјава во целост:
И второто е чувството на разочараност, чувство кое кај мене се создаде денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја.
Пред 68 месеци ветуваа живот, пред 68 месеци ветуваа дека Македонија ќе ја однесат во Европа. Денеска ние сме, според нивото на корупција, како држава рамо до рамо со Тунис, Сутинам, Индија а, во сите останати параметри сме последни на Балканот. И за жал, никогаш подалечни со нашите соседи од тоа што сме денеска.
Денеска имате вие, безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваат како во воените времиња. Навистина жалам што сум сведок на сето ова и навистина жалам што ќе останат уште ден повеќе онаму каде што се, оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ.
извор: ВМРО ДПМНЕ