Четворица кумановци се тепале во угостителски објект

0
184

Четворица кумановци биле приведени утринава откако меѓусебно физички се пресметувале во угостителски објект.

На 04.01.2023 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле М.Н.(20), М.С.(20), М.С.(22) и В.С.(36), сите од Куманово, затоа што околу 03.00 часот во угостителски објект во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава..

kumanovskimuabeti.mk