„Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите кадешто пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што и тој бил окупатор, не бил администратор. Значи, нас не окупира. Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војски во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија“, потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.
Во емисијата, Димитриевски изјави дека Гоце Делчев е симболот на македонизмот, го почитува ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е.
фото: PRTSC