МАН најостро ги осудува заканите од анонимни бугарски државјани кон македонски медиуми и новинари кои се случуваат континуирано, а особено се воочливи во последните закани врз директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски.
Бараме МВР институционално да постапи против овие лица за нивно санкционирање. Бараме МНР да преку бугарскиот амбасадор да побара и бугарските надлежни органи институционално да делуваат по ваквите закани. Ова е недемократско и недостоинствено однесување и доколку трендот продолжи, овие закани имаат за цел да создадат непријателство кон Македонија и македонските граѓани. Со ваквите закани, не се загрозува само слободата на известување на медиумите, туку се загрозува и нивната безбедност, како и безбедноста на новинарите и менаџерите на медиумите, велат од МАН додавајќи дека им стојат на располагање на сите медиуми со своите правни тимови да им помогат во правната разрешница на ваквите состојби.
извор: МАН