Автобус и две патнички возил вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило – комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Државниот инспекторат за транспорт изрече соодветни санкции за возачите и правните лица.

 

kanal5.com