Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања стравуваат дека претстојната енергетска криза може да го затвори Големиот хадронски судирач на честичките.
Ова го потврди и првиот човек на ЦЕРН, Серж Клод, кој истакна дека организацијата работи на можни решенија за проблемот.
Најлошото сценарио е Големиот хадронски судирач(LHC) да биде исклучен на одредено време за да се намали потрошувачката на енергија, изјави Клод за Wall Street Journal.
“Загрижени сме за стабилноста на енергетската мрежа и се обидуваме со сите средства да ги спречиме ограничувањата“, вели шефот на ЦЕРН, додавајќи дека научниците ќе направат се да го одржат LHC во функција и да избегнат исклучување на системот од 4,4 милијарди долари.
LHC е еден од осумте судрувачи лоцирани во џиновски подземен комплекс меѓу Франција и Швајцарија. Тој е и еден од најголемите француски потрошувачи на енергија и во одредени периоди на висок интензитет му требаат 200 мегавати електрична енергија.
Поради ова, ЦЕРН преговара со својот снабдувач на енергија, францускиот државен гигант EDF SA, и бара однапред бидат предупредени доколку треба да се намали потрошувачката, како и за можни ограничувања.
vesnik.com