Хрватските јавни гласила “Novi List” и “Novi Hrvatski Radnik” упатиле јавен проглас во јануари 1904 г. во кој ги повикуваат Хрватите да не се приклучат на oсманлиската војска или други странски воени формации против Македонците за време и по задушувањето на македонското Илинденско востание.
Повикот нагласува дека македонскиот народ, исто како хрватскиот, не сака да биде потчинет и се бори за својата слобода и независност под националното мото – Македонија на Македонците.
Се укажува дека тие што ќе стапат во служба на големите сили за окупација на Македонија, всушност ќе соучествуваат во потчинувањето на Македонците.
– „Хрвати!
Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и се крвиме со разни душмани, та така и македонското население не сака да биде потчинето, туку тие сакаат да бидат свои на своето, слободни и независни: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за да ја потчини и окупира Македонија, тој се стреми за задушување на македонските права и слободи, за по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата родна грутка.“
Хрватите треба да се угледаат на Македонците, да се грижат и да ја чуваат сопствената куќа наместо да се поддадат на тнр. „капларската чест“, бидејќи и дома се заработува за парче леб доколку се работи, вели прогласот.
– „Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стане со нашата крвава и тажна земја. Начелно: Hе во Македонија!!!“
ИЗВОР: „Нови Хрватски Радник “, бр. 2, 25 јануари 1904, стр. 4. —/
извор: Православна Македонија