МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние

0
213

Зад наодите за незаконско работење на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски, стојат државните институции задолжени за спроведување на законот, а не Олимпискиот комитет и нејзиниот претседател Даниел Димевски, соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска АМС ги демантираше наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за незаконско работење поврзано со ваучерскиот систем и обвини дека „преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани од лукративни цели“, посочувајќи го притоа МОК и претседателот Димевски, „во јавноста биле изнесени куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

-Посочениот директор има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на ДКСК и Јавното обвинителство. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумција на невиност, која му е единствена опција во моментов, се наведува во одговорот на Димевски на демантот на Мојсоски.

извор: Република
фото: Република