Советниците од Општина Охрид едногласни – се издвојуваат 600.000 денари за настраданите во земјотресите, за Турција и за Сирија по 300.000 денари

На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.
За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Турција и 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Сирија.
Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков