Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оддржа работна средба со Алберто Мацола, извршен директор на Заедницата на европските железници.
На средбата на која присуствуваше и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец се разговараше за инвестиционата политика на Република Северна Македонија во железничката инфраструктура и регионалното поврзување.
Владата на Република Северна Македонија работи на развојот на железничкиот систем во државата, притоа започнувајќи го процесот на усогласување на домашната легислатива со европското законодавство, информираше министерот Бочварски.
На средбата министерот ги потенцираше проектите за изградба на железничкиот Коридор 8, конкретно пругата кон Исток. Воедно побара поддршка од европските партнери за доизградба и на пругата во западниот дел на Коридор 8 и поврзување со Република Албанија.
„Средбата беше од исклучително значење во насока на поддршка за развој на железнчкиот систем во државата. Регионалното поврзување е од стратешко значење за Република Северна Македонија и затоа побаравме од нашите пријатели од Европа да не поддржат во доизградба на Коридор 8. Остануваме сериозно посветени на изградба на пругата кон Бугарија. Предизвикот останува во ова време на економска криза да ги реализираме сите инветсицики планови во делот на железницата.” – истакна министерот Бочварски.
извор: Влада