Едногодишно бебе спасено од под урнатините 53 часа по земјотресот

Едногодишно бебе со чудо е спасено од под урнатините 53 часа по земјотресите кои во понеделникот на 6 февруари ги потресоа јужните делови на Туркије, известува „Анадолу“.

Припадници на спасувачките тимови успеаја да го извлечат бебето од под урнатините на зграда во турскиот град Шанлиурфа.

Бебето го преживеало земјотресот со полесни повреди и е префрлено во болница.

Шанлиурфа е еден од десетте турски области кои се тешко погодени од два силни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во турската област Кахраманмараш.

„Најмалку 6.234 лица загинаа од разорувањата што ги предизвикаа силните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије“, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во разорните земјотреси на југот од Туркије повредени се 37.011 лица.

Текстот во целост на:„Анадолу“.

фото:„Анадолу“.