42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

0
136

Денеска (09.02.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 42 сообраќајни прекршоци. Упатени на вонреден технички преглед биле 20 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

извор:МВР