(ВИДЕО)Нашол чек од 10 илјади евра и го вратил на сопственикот, добил голема награда за гестот

Бездомникот Елмер Алварез пронашол чек од 10.000 долари на улица и му го вратил на сопственикот. Немаше поим каква награда ќе добие, но не ни помислуваше да го задржи тој чек.

Чекот и припаѓал на милионерката Роберта Хоски, а бидејќи била воодушевена од работата на Алварез, Хоски решила да го награди и да му го подобри животот, а сето тоа го пренесувала во живо на социјалните мрежи.

– Не знаеше кој е сопственикот на чекот, а не си ни свесен колку големо срце имаш – му рекол Хоски. Таа потоа му врачи сертификат за доброто дело што го направил и целосна училишна стипендија за Outreach Property Management, во чие училиште таа е директор.

Таа му обезбеди и часови по англиски јазик и интервју за работа, на кое ќе присуствува веднаш штом ќе го заврши курсот. На крајот му открила дека му договорила сместување во наредните шест месеци и дека финансиски ќе му помага додека не застане на нозе.

Видно шокираниот Алварез рече дека љубезноста на Роберта го инспирирала да се посвети на создавање подобра иднина за себе и за својата девојка.

– Имаше моменти во мојот живот кога не можев никому ништо да дадам, а сега кога можам, тоа е неверојатно чувство – гордо изјави Хоски.

 

idol.mk