Бремена жена и нејзиниот брат спасени 140 часа по земјотресот што ја потресе Турција

0
163

Трудница и нејзиниот брат се извлечени од урнатините 140 часа по разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Спасувачките екипи вложувајќи големи напори, по долготрајна акција за спасување, спасија една трудница и нејзиниот брат, кои потоа се префрлени во болница.

„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.

Од подрачјето погодено од земјотресот во други делови на земјата евакуирани се повеќе од 86.000 лица.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.