(ФОТО) Загрепските пожарникари утринава симнувале стол од дрво

0
154

Од загрепската противпожарна служба соопштија дека утрово имале несекојдневна интервенција. Отстранувале стол од дрво во улицата Божидар Маговац.

„Изгледа ШЧ збесна некого, па утрово го тргнавме столчето од дрвото во улицата Божидар Маговац. Шал на страна…“, се пошегуваа на сметка на победата на музичката група Лет 3 на вчерашната Дора.

Предупредиле колку е опасно столчето да падне од голема височина.

 

„Паѓањето на предмети од височина може сериозно да повреди или убие луѓе на земја и/или да направи голема материјална штета, што секако е казниво со закон. Загрозувањето на животот и имотот со општо опасно дело или средство е многу сериозно обвинение. “ додадоа тие.

 

index.hr