Израелскиот спасувачки тим ја напушти Турција: „Имаме информации за конкретна закана“

0
188

Израелскиот спасувачки тим Јунајтед Хацалах по шест дена ја напушта Турција поради „значителни безбедносни закани“.

 

Шефот за пребарување и спасување Ели Полак и заменик-претседателот на операции Дов Маисел во заедничка изјава рекоа дека „добиле информации за конкретна закана против израелскиот тим и дека безбедноста на персоналот мора да биде на прво место“, објави Си-Ен-Ен.

 

„Знаевме дека постои одреден степен на ризик во испраќањето на нашиот тим во областа на Турција што граничи со Сирија, но ги презедовме неопходните чекори за да ги минимизираме заканите и да обезбедиме успешна мисија за спасување животи“, се вели во заедничката изјава.

 

 

index.hr