ИРЛ: Дивиот таксист насилник избега од државата и никој не го бара

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување, пишува ИРЛ.

Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за да побара правда за себе и да спречи насилникот повторно да нападне.

Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста.

Физички нападната жена, сексуално вознемирувана девојка, претепана сопруга – ова е македонската реалност отсликана во секојдневието на полицискиот билтен. Почетокот на годинава покажува дека полицијата бележела пријави од малтретирани девојки, но без исход дали насилниците се фатени и казнети.

Последен во низата настани кои што ја вознемирија јавноста е кога пред две недели таксист сексуално нападна 19 годишна студентка од Кичево. Тинејџерката случајот го пријави во полиција. Но наместо брза интервенција, таа уште три пати во полициска станица раскажуваше што ѝ се случувало. И додека униформираните полицајци утврдуваа дали тинејџерката е жртва, таксистот избега и не е во земјава. ИРЛ преку овој случај ќе илустрира како жртвите се поистоветуваат со насилниците и како првиот филтер, полицијата, останува речиси рамнодушна на вакви пријави. Прикажуваме реконструкација на настанот од 27 јануари според сведочење на жртвите кои во немоќ дојдоа во редакцијата на ИРЛ барајќи да се чуе целата приказна за виктимизацијата на жртвите од страна на полицијата, за непостапувањето и небезбедноста на македонсктие млади. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста, стои во текстот на ИРЛ .

 

Тексов во целост на: ИРЛ.