Утрешниот ден 13. февруари 2023 година е прогласен за ден на жалост поради настраданите во земјотресот во Турција. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
„Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија. Граѓаните на Северна Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства. Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ.“, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.
извор: ФБ Димитар Ковачевски