Претставниците на македонските Бугари, Ѓорѓи Трендафилов и Љупчо Ѓоргиевски на денешната средба со чефот на македонската дипломатија Бујар Османи побарале и тој и тие да посредуваат за смирување на тензиите во земјава бидејќи „во експлозивна атмосфера не е возможно да се донесат квалитетни, рационални, политички решенија што е во интерес на граѓаните на земјава“, објави slobodnaevropa.mk.
По средбата, Трендафилов изјави дека со министерот Бујар османи имале корисна средба која во голема мера била продолжение на разговорите од Брисел.
„Го известивме за содржината на разговорите со еврокомесарот Оливер Вархеји и со групации од Европскиот Парламент кои ќе се обидат со нивните политички истомисленици и групации овде во Македонија да помогнат да се смират тензиите на релација Скопје-Софија и во порелкасирана атмосфера да почне да се спроведуваат одредбите и од Договорот со Бугарија и од францускиот предлог, за да може Македонија по извештајот за напредокот во октомври да ги отпочне официјално преговорите со ЕУ“, изјави Трендафилов.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk