Преку социјалните мрежи се алармира – Има манијак во Лисиче и Аеродром, а во Карпош 4 биле нападнати 11 жени?

На социјалните мрежи се споделуваат постови во кои жени тврдат дека се нападнати од мањак/ци во Скопје во различни населби.

-Ќе си речеш, не е возможно двапати истиот манијак да ти се појави на врата на работа и да ти се слече гол, но возможно било. во седум месеци вторпат ми излегува истиот манијак, и вчера вистински се исплашив. ме стегна параноја дека всушност ме демне од некој од многуте темни џебови во ново лисиче, дека чека момент да се исправи пред мене гол и да ми го чуе стравот. вчера не изреагирав пред него, кратко го погледнав низ стаклото, јасно ми беше кој е, тивко ја заторив вратата и повикав полиција. се плашам дека со мојот молк и нереагирање што го возбудува, набрзо пак некаде ќе ме начека за да го добие тоа што сака.
Полицијата го среди администартивниот дел, провери дека пред седум месеци сум го пријавила истиот, се повртка пред зграда пет минути и си отиде.
Значи, има манијак во ново лисиче и аеродром и никој ништо не му може, вообичаено жените кај нас реагираат со раскажување на приказната на комшии и пријатели, ако воопшто, не пријавуваат тепање и домашно насилство, не па гол маж кој им излегол од некоја темница. ништо јас не правам со таа една моја, сега две, пријави во полиција, напротив, може уште и да излезе дека се филмам, дека со мене нешто не е во ред, се вели во објава на социјалните мрежи.

 

извор: ФБ