Кина денес го лансираше својот нов сателит „Чуангксин-16“ во вселената, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот, кој ќе се користи за научни експерименти и за проверка на нови технологии, успешно ја достигна својата претходно поставена орбита по неговото лансирање во 10.36 часот по локално време (02:36 GMT), објави државната новинска агенција „Синхуа“.
Ракетата „Куаижоу-1А“ го однесе сателитот во вселената од центарот за лансирање на сателити Ксичанг во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Сателитот е развиен од Кинеската академија на науки.
Во исто време, ова беше 16-ти лет на „Куаижоу-1А“.
извор:Агенција Анадолија (АА).