На 23.08.2022 во 02.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.
Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите се дале во бегство, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени. Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: МВР