Вчера попладне околу 18:45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.
Тој околу 18:10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели.
Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. Во полициска станица биле задржани А.М., Б.М. и Л.П. и бил извршен службен разговор со нив.