Експрес.мк ексклузивно: Пендаровски го крие писмото кое ја открива вистинската намера за ,,Бугари во уставот”

Македонскиот претседател Стево Пендаровски три дена го крие писмото во кое се бара
„Слобода и правда за бугарскиот народ“ кој живее во Македонија.

Писмото е потпишано од претседателот на веќе непостоечкиот културен клуб ,,Иван
Михајлов” од Битола кој го носи името на фашистичкиот соработник и сатрап.
Од нејасни причини Пендаровски не го открива писмото и неговата содржина од која
станува јасно дека бугарското малцинство има многу поголеми аспирации од обично
споменување во уставот како малцинство, објави Expres.mk.

Според извори во кабинетот на претседателот, писмото не се објавува затоа што е
можно Пендровски наскоро да го повика испраќачот на писмото на разговор, а темите
од писмото се многу сензитивни и имаат врска со македонската национална
безбедност.

Меѓу главните барања во писмото се Македонија да не агитира кај европските
сојузници дека Бугарите во Македонија се „фашисти“, да се запре со создавање „лажни бугарски здруженија“, да престане „корупцијата на поединечни јавни личности во
Софија“, да запре „тепањата на македонските Бугари, отпуштањата од работа,
палењето и пукањето на Бугарски клубови, ослободување на сторителите, забрана на
бугарски здруженија, говор на омраза, сквернавење споменици и фалсификување на
бугарскиот јазик историја“.

Expres.mk ексклузивно го објавува целото писмо до Пендаровски кое тој засега го
крие. Писмото може д аго прочитате на овој линк: Expres.mk