Чудо во Турција : 17-годишната Алејна е спасена од под урнатините

0
206

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез е спасена од урнатините во Турција 248 часа по земјотресите што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија.

 

Таа беше спасена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

 

Екипите на земјата додека ги пребаруваа урнатините слушнаа глас. После тоа, 17-годишната Алејна била спасена и пренесена во болница.

 

Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините.

 

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја потресоа јужна Турција.

 

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија 11 провинции, уништени илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе.

Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 членови на тимови за пребарување и спасување. Вкупно 216.347 лица се евакуирани од регионите во Турција погодени од земјотресот.

 

aa.com.tr