Во писмената Одлука на Судот за човекови права во Стразбур објавена денеска на веб страницата на Судот, жалбата по предметот „Талески против Република Северна Македонија“ се отфрла како недопуштена.
Во опширното образложение на судечкиот совет се појаснува според кои основи на домашното законодавство во Македонија оваа жалба е недопуштена.
На одлуките донесени од Судот за човекови права во Стразбур не постои можност за жалба, па оттука останува дека постапувањето на институциите во Република Северна Македонија било исправно, но странките не ги искористиле сите можности што им ги дава македонското законодавство.
Oдлуката на Европскиот суд за човекови права
фото: Архива