Стапалка од диносаурус долга еден метар пронајдена во Британија

На британскиот „Брег на диносаурусите“ е пронајден рекордно голем отпечаток од овој одамна изумрен вид. Стапалката, долга речиси еден метар, е најголема од ваков тип откриена во Јоркшир.

– Најинтригантната одлика на ова откритие е долгата трага зад стапалото – она што го нарекуваме метаподиум. Тоа значи дека нашиот голем месојад веројатно се одморал клекнат тука во калта пред да стане, замине и остави вечен отпечаток зад себе. Забавно е да се замисли како овој диносаурус шета по калливата крајбрежна рамнина во едно мрзливо неделно попладне во периодот Јура, палеонтологот Дин Ломакс од Универзитетот на Манчестер.

– Не можев да поверувам кога го видов, морав двапати да проверам. Претходно наидов на некои помали отпечатоци, но ништо слично, раскажува Мери Вудс, археологот што го пронајде отпечатокот.

Мегалосаурус бил еден од најголемите грабливци на своето време – имал голем череп „вооружен“ со остри заби. Во должина, можел да дотигне и до 8 – 9 метри.

Наодот им овозможи на научниците да го проучат обликот на стапалките, бројот на прстите, трагите од канџи, како и остатоците од кожата од диносаурус. По работата на фосилизираниот отпечаток, властите ќе го изложат во музеј.