Лекарите најавуваат генерален штрајк?

Дојдоа да побараат објаснување зошто немаат земено плати. Претставници на независниот лекарски синдикат поставија плакати на вратите на Фондот за здравствено осигурување бидејќи законскиот рок за исплата на платите помина. Сајбер-нападот во Фондот ги парализираше не само платите за 10.000 вработени во јавното здравство, туку и помошта за пациентите кои треба да добијат ортопедски помагала и друга поддршка која претходно треба да биде верификувана од системот на фондот. Но, обезбедувањето не дозволи ниту лекарите, ниту новинарите да влезат во јавната институција за да добијат информации. Вратите беа затворени. Едниот раководител бил на одмор, другата гледаше од прозорецот и не кажуваше зошто нема плати, објави Алсат.мк.

Страдаат и пациентите. Покрај кражбата на лични податоци од хакери, тие ќе останат и без здравствени услуги. Лекарите најавија генерален штрајк.

Текстот во целост на: Алсат.мк.