ВРЕМЕПЛОВ- 1905година во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“

1878 Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот.

1905 Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“.

1921 Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа – сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.

1945 Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија.

1959 Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.

1968 Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.

1994 Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.

1996 Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.

1996 Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.

2021 Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија