Немаме поштари, платата ни доцни, а директорот ќе вработи 31 административец – Синдикатот на Пошта најавува нови протести и штрајкови

0
203

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска ситуација, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата.

Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и во постојните финансискси услови, објави nezavisen.mk.

-Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност, а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Велигденов, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар.

Според Велигденов, не е преземено ништо за спроведување на трипартитниот меморандум за соработка потпишан протестот во октомври лани, што го организираше Синдикатит. Тогаш со раководството и Владата беа договорени активности за внатрешни реформи, со нова систематизација и реорганизација на работењето особено во делот на обезбедување услови и средства за работа, како и потпишување колективен договор.

Во Пошта, информираше Велигденов, моментно работат над 2000 вработени, а вкупната бројка во последните пет години се намалува и претходно изнесуваше 2200. Проблемот, вели тој, е старосната структура, 65 проценти се над 55 години и заминуваат во пензија. Над 90 проценти од нив се во технолошкиот процес каде имаме сериозни проблеми во работењето.

-Наместо да се сконцентрираме да ги подобриме услугите односно да обезбедиме поквалитетна работа, преземаме непотребни чекори со новите вработувања. Платата за јануари е со задоцнување со заеми, генерираме намалени приходи, работиме со загуба, и стравуваме како ќе обезведиме средства за редовна плата за наредниот период, рече Велигденов, посочувајќи дека според негови информации платата за јануари била исплатена со помош на заем земен од Халк банка.

Текстот во целост на: nezavisen.mk.

фото: nezavisen.mk.