Во сообраќајката кај Битола загинаа македонски и норвешки државјанин

Попладнево во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец А3 – Битола – Прилеп, животот го загубија две лица.

Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило марка „Ситроен Ксара”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Ситроен Ц1″, со битолски регистарски таблички, управувано 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со кого патувала и Норвежанката A.E. (49).

Во незгодата од повредите на лице место починале двајцата возачи, а A.E. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Сообраќајот на релација Битола – Прилеп по неколкучасовен прекин, беше нормализиран во 19:25 часот.

извор: Република