Комисијата ќе препорача укинување на сертификатите за влез во моловите, но за влез во кафеани и ресторани да останат

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да препорача до Владата да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.

-Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ додаде дека оваа мерка не е целосно укината. Мехмедовиќ кажа дека фокусот е на подигнување на квалитетот на имунитетот кој ќе биде основа за понатамошно олабавување на мерките.