Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денеска ги распиша изборите за претседател на Србија за 3 април годинава, кога ќе се одржат и парламентарните избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што рече Дачиќ, ова се редовни избори за претседател, се распишуваат 90 дена пред истекот на мандатот на претседателот, а кампањата мора да трае најмалку 30 дена, за да има доволно време.
Тој посочи дека денеска почнуваат изборните активности, а рокот за пријавување на листите за парламентарните избори и кандидатите за претседателските избори е 12 март на полноќ.
„На сите учесници на изборите им посакувам среќа и многу гласови; на крајот народот ќе биде врховен судија“, рече Дачиќ.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).