Уставниот суд ја одложи одлуката за изборот на Талат Џафери, немало доволно судии

0
290

Уставниот суд ја одложи одлуката дали ќе поведе постапка за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието кој се случи на 27 април 2017 година. Ова доаѓа откако Уставниот суд остана само со пет судии од вкупно девет.

-Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за предметот У.бр.47/2017 со кој беше оспорена Одлуката за избор на претседател на Собранието од 2 мај 2017-та година („Службен весник на РМ” бр.53/2017) донесена од Собранието, поради недоволно мнозинство на гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници кога Судот ќе биде во полн состав.-информираат од Судот.