Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека и денеска се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Наум Охридски“. Додаде дека од училиштата се превземени мерките согласно утврдените протоколи и учениците се евакуирани од училишните згради и се наоѓаат на безбедно.
Во општина Гази Баба на 16.12.2022 година за првпат пристигна дојава за бомба во училиште, денес сме 23.02.2023 година. Недозволиво е за државата неколку месеци во континуитет да пристигнуваат вакви дојави, а притоа да не можат да се откријат сторителите.
До мене пристигнуваат реакциите на родителите кои со право прашуваат: Дали ова е доказ дека целосно е дерогиран безбедносниот систем на Република Македонија? Или пак се работи за неспособност и непрофесионалност на вршителите на јавните функции?
Ова повеќе не може и не смее да се толерира! Барам превземање на итни и енергични активности и мерки од страна на надлежните институции со цел оваа појава да запре!, пишува Стефковски.
фото: Сител