Деца качени на кров од висококатница во скопско Тафталиџе – Води ли некој сметка што прават децата?

0
608

Деца качени на кров на улицата Прашка бр 11 ги вознемири жителите во овој дел од Скопје. До редакцијата на Република пристигнаа фотографии на кои се гледа три деца качени на кров на зграда во близина на гимназијата НОВА во скопско Тафталиџе, објави Република.

Не знам што прават децата горе, но глетката е вистински хорор. Целосно небезбедно стојат на косина на самата ивица од кровот. Фали мало невнимание некој да заврши долу. Води ли некој сметка што прават децата? – коментира читателот кој ни ги испрати фотографиите.

извор и фото: Република.