Републиканскиот сенатор Ренд Пол го блокираше гласањето за пакетот помош за Украина од 40 милијарди долари

Републиканскиот сенатор Ренд Пол го блокираше гласањето за пакетот помош за Украина од 40 милијарди долари, што ги забави напорите на САД да испорачаат поголема помош на Украина.

„Не можеме да ја спасиме Украина на штета на американската економија“, рече Пол.

Потегот на Пол го одложи гласањето за уште една недела, кога Сенатот се очекува да го изгласа законот.

Во меѓувреме, Украина соопшти дека се водат преговори за ослободување на 38 војници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во замена за руски затвореници.

извор и фото: VOA