Мицевски: Не гласавме за разрешување на министрите, владата на Ковачевски се претвори во излитен материјал кој го крпат од една страна, а се кине од друга

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за разрешување на министрите во оваа реконструкција на владата на Ковачевски затоа што како и пред една година, така и сега имаме ситуација на крпење на мнозинство без јасна цел, без програма, без визија, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Ова што би рекле луѓето е состојба во која од една страна крпат, а од друга страна им се кине владејачкото мнозинство, затоа што едноставно веќе е изгубен целосно легитимитетот на граѓаните.
Креирањето на мнозинство во Собранието и менувањето не е базирано на принципи, туку обичен пазар 3 апсурд кој треба да и даде живот уште некој месец на оваа клинички мртва Влада на Ковачевски.
Ковачевски, СДС и ДУИ се соочени со својата неспособност, криминал, корупција и внатрешни конфликти и затоа ваквата гимнастика со разрешување, именување и просто пазарење нема ништо да подобри во Македонија, туку напротив ќе ги усложни и продлабочи проблемите на штета на граѓаните. Единствениот излез од овој калабалак се избори и креирање на ново мнозинство со легитимитет од граѓаните.
Агонијата на оваа власт не е проблем сама по себе, проблем е што тоа се префрла во општеството и институциите и затоа Македонија тоне. Тоа што СДС се претвори во помал и подреден партнер на ДУИ и Груби не е проблем само по себе, туку проблем е што покорно молчи и дозволува нечии криминални интереси да се спроведуваат преку оваа вештачки одржана во живот власт на штета на народот.
Владата на Ковачевски се претвори во излитен материјал кој го крпат, а тој пак се кине, во случајов затоа што легитимитетот е излитен. Но стравот на ова мнозинство од соочување со народот е огромен и затоа е целиот овој циркус што го прават изминатиов период.

извор: ВМРО ДПМНЕ