Во стан во Струмица, пронајдени остатоци од човечки труп

0
175

Вчера во стан на улица „Јанко Цветинов“ во Струмица биле пронајдени остатоци од човечки труп.

Веста за МИА ја потврдија и од полицијата и од Основното јавно обвинителство Струмица.

Од СВР Струмица информираа дека вчера било пријавено дека во станот бил пронајден човечки труп. Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Од Основното јавно обвинителство потврдија дека биле пронајдени остатоци од човечки труп. Оттаму повеќе информации за идентитетот на лицето и можните причини за смртта најавуваат по завршувањето на обдукцијата.

извор: МИА