(ФОТО) Лавицата Тахома која од ЗОО Мунстер, Германија дојде во Македонија, совршено се прилагодува во новото живеалиште

Зоолошката градина Скопје оваа зима стана дом на уште еден жител а тоа е Лавицата Тахома која од ЗОО Мунстер, Германија во ноември дојде кај нас.
Периодот на прилагодување во внатрешното живеалиште заврши а сончевото февруарско време е одличен услов таа полека да се навикнува на надворешната средина.
Денешната кратка прошетка ја забележавме низ нашиот објектив.
Будно ќе ја следиме нејзината приказна во ЗОО Скопје а веруваме дека Тахома ќе стане миленичка на нашите посетители, велат од Скопската зоолошка градина.

фото: Скопје ЗОО