Воз удри во возило кај Прилеп, едно лице загина, две тешко повредени

0
161

Тешка железничка несреќа утрово во близина на Прилеп.

Според првичните информации, возот кој сообраќа на релација Битола-Скопје во близина на Прилеп удрил во патнички автомобил при што едно лице го загуби животот, а друго итно е хоспитализирано со сериозни повреди.

4NEWS.mk пренесува дека во несреќата животот го загуби 34 годишен маж со иницијали Д.М.

Трагедијата се случила утрово околу 04 часот на преминот кај местото викано “Сточен Пазар”.

Извор: 4NEWS.mk