Малолетничка од Кочани тешко повредена – патничко возило удрило во неа

0
157

Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

фото: Архива